И денеска жешко, но со дожд

Денеска е сабота, 12 август 2017 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 142 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 19 часот и 40 минути.

Денов трае 14 часа и 3 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 20 минути, а ќе зајде во 10 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а  дневната од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 39 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Коментари

Популарно