Еден работен ден на вработен во администрација, анспроти вработен во приватна фирма

Службеник во државна администрација:

6:00 Спиеш и сонуваш како орално те задоволуваат нечии топли и полни врели усни додека стоиш со дигнати раце на трибините на стадион.

6:15 Аларм. НИЈЕ ЉУУУУБАВ СТВАР

6:16 Жена ти го гаси алармот, те бутка од кревет и продолжува да спие.

6:17 Сфаќаш чии биле усните од сонот. Брбориш „Саша, престани“, ама тивко за да не те чуе жена ти. Стануваш и се упатуваш кон ѓезвето за кафе и кутијата цигари.

7:00 Туширање? Ај не мора денес. Миење заби? Две орбит мастичиња. Излегуваш и тивко затвораш врата.

7:30 Пекара. Бурек, пола литар јогурт. И она со еурокрем.

8:00 Стигнуваш на работа пола саат покасно. Размислуваш како да ја избегнеш вратата на шефот на канцеларијата, и сфаќаш дека никој го нема видено од 2006-та.

8:30 Влегуваш во празна канцеларија. Кратко размислуваш да не си се поебал пак да дојдеш во сабота, ама гледаш некои документи на шалтерот. Ги викаш колешките на пауза за кафе.

9:00 Фејсбук.

10:00 Пауза.

10:30 Фејсбук.

11:30 Ручек. На менито денес: бањалучки ќебап. По храна го праќаш Симо зошто се знае дека најмладиот оди да купува.

12:00 Фејсбук.

12:30 Ебати Фејсбукот, нема ништо ново. Мајнсвипер.

13:00 Фејсбук.

13:30 Фејсбук, ама веќе си нашол фотки од Биљана од средно и нејзините другарки, албум Миконос лето 2011. Ова веќе може да се нарече успешен ден.

14:15 Ама се натрупале документи. Можам да сработам неколку од нив, сепак зад секој од нив стои човек од крв и месо кој чека да му се среди нешто важно во животот.

14:30 Боже мори Биљано какви цицкишта.

14:55 Не, сериозно можам да изработам некои од предметиве, некој печат, потпис, фајлирање, ебати работата, ајде еве сега.

15:00 Кенди Краш Сага.

15:15 Добро ќе ги сработам сега, само да стигнам до 60-то ниво.

15:30 Еден документ е готов. Ама касно е. Стварно не знам како мислат сè да постигнам.

16:00 Се лепат известувања на мрсни стакла.

Приватно вработен:

6:00 Спиеш и сонуваш регрес, неискинати гаќи и некој како држи предавање за објектно програмирање.

6:15 Аларм. ЛАНЕ МОЈЕ ОВИХ ДАААААНА

6:16 Жена ти го гаси алармот, станува да оди на работа во Републичката агенција за мирно решавање на работни спорови каде што работи како трет референт во одделението за истражување и развој.

6:17 Продолжуваш да спиеш и брбориш „Саша, престани“, Жена ти за секунда помислува дека имаш љубовница, и после и текнува дека последните три години си импотентен заради комбинацијата од стрес, кафе, цигари и следење на домашен фудбал.

7:00 Жена ти оди на работа и намерно ја лупа вратата. Во знак на протест не стануваш од кревет и пола саат поминуваш во тумачење стратегии за онлајн покер.

7:30 Стануваш. Туширање: мора. Бричење: мора. Афтершејв: Факинг ноќна мора.

8:00 Коктелот од никотин и кофеин те враќа во функционална состојба, спремен си за нови победи, млад си, убав. Денес ќе докажеш дека твоето работно место е само една скала од хаосот на капитализмот.

8:30 Стигнуваш на работа пола саат порано. Жиле од ноќната смена пак ја усрал цела портирница со свинска маст.

9:00 Се смешкаш и им отвараш врата на луѓе подобро облечени од тебе. 10:00 (До)ручек. Леб и кифла. Јебига.

10:30 И помагаш на маркетинг асистенката да си го паркира Јарисот.

11:30 Треба да одиш до вукојебина за да му купиш на шефот конзерва андалузиски сардини. „Ај ти Мичо, ама иди со твоја кола зошто немаме патни налози“. Ќе одам, зашто да не, иако не се викам Мичо.

13:00 Ги купи сардините. Како што се сомневаше, конзервата е 56 евра и е за мачката на шефот.

14:15 „Супер си Мичо“ *тапшање по рамо*. „Ај сега пополни ги заостанативе патни налози од 2014-та, знаеш дека Ангела не се снаоѓа со нив, а ја плаќам барем три пати повеќе од тебе, тоа ти е живот, хехе“.

14:30 Патни налози 2014-та.

15:00 Мичо, ај само препаркирај ја Хондата на Ангела, знаеш како се слупа минатиот пат, ако ме сфаќаш, хехе

15:15 Патни налози 2014-та.

15:30 Патни налози 2015-та. Да ги оставам за утре или да ги завршам сега?

15:35 Ти ѕвони телефонот. „Мичо, оние патни налози ми требаат за утре сабајле, не ти кажав, на шефот нешто му доаѓаа во канцеларија“.

16:00 Патни налози 2015-та.

17:00 Патни налози 2015-та.

18:00 Патни налози 2016-та. Ја ставаш главата меѓу вратата и столбот и ја лупаш со цела сила.

Коментари

Популарно