ВИДЕО: Погледнете каков пустош остави пожарот во Кондово

Утрово во Кондово ситуацијата беше мирна, граѓаните се уште вознемирени велат дека никогаш нема да го заборават вчерашниот пожар.

„Ужасно беше синоќа и пожарни и комуналец, ама џабе, не вредеше. Имаше голем ветер и не можеше да го изгаснат“

„Страшно беше, три четири дена се боревме со огнот, уште се тресам, стравот ми е влезен во коски“

„Пожарните дојдоа, но со ветерот не можеш да се справиш“, велат мештаните.

Во гасењето на пожарот синоќа учествувале четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека по врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати.

„Пожарот кај манастирот Трескаавец, во Прилеп е локализиран. Таму гори уште само сува трева, но далеку е од манастирот и нема опасност по него. Под контрола е и пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче, како и пожарот кај селото Никодин. Шумскиот пожар во атарот на село Норово е под контрола.  Гори сува трева и ниско дабова шума. Екипите се на терен, а во зависност од процените, постои можност за ангажирање на поддршка од воздух со авионите на ДЗС“, соопштуваат од Центар за управување со кризи.

Илјадници хектари шума изгореа во налетот на огнената стихија која ја зафати Македонија  изминативе три недели.

Коментари

Популарно