Крвна одмазда причина за убиството на Дилавер Бојку

Дилавер Бојку е убиен попладнево пред ресторанот на плажата во центарот на Струга. Според првичните неофицијални информации, се работи за крвна освета за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Бојку е познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта,  Струшко. Тој, наводној со куршум во глава е убиен на плажа во Струга, пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица.

Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу.

 Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а полициски истражен тим  работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.

Според последните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје во болница.

Коментари

Популарно