Вчера ми беше дијагностициран рак на дојка, ова беше единствениот симптом!

Шери Родос, мајка на три деца неодамна дознала дека има рак на дојката. Одлучила на Фејсбук да сподели фотографија од еден од симптомите кој ѝ укажал на болеста со цел да им помогне на сите жени ширум светот полесно да ја забележат страшната болест и да се справат со неа на време.

Иако главниот симптом за рак на дојка најчесто е испакнатина, кај Шери се појавило вдлабнување од страната на десната дојка. Бидејќи станува збор за многу ретка појава, ваквиот симптом воглавно поминува незабележано.

Вчера бев дијагностицирана со рак на дојката. Јас сум тотално шокирана бидејќи ова мало вдлабнување (на сликата) беше единствениот симптом кој го имав. Го забележав вдлабнувањето кон крајот на јуни и отидов кај мојот лекар по општа медицина кој ме упати на клиника. Отидов на преглед и скенирање кое го откри присуството на некоја маса, што мамограмот го потврди па истиот ден отидов и на биопсија. Бидејќи немаше човрови не бев загрижена, но резултатите покажаа дека сепак станува збор за рак на дојка. Ве замолувам, редовно проверувајте ги вашите гради и не игнорирајте ништо чудно што ќе забележите. Доколку и сама не видев слични фотографии од вдлабнувања, немаше да знам дека станува збор за симптом на рак. Ве молам, споделувајте ја оваа вест." - напишала Шери.

Коментари

Популарно