ФОТО: Најзгодната македонска докторка

Креативна, одговорна и млада личност со манекенска става, стружанката Елена Маркоска има 21 година, а уште од мали нозе танцува и позира како светски модел.

– Моите први чекори ги направив во волшебното студио за танц „Бах“ уште на 7 години. Студиото долго време беше мојот втор дом, а баховки и Тања, мое семејство. Така и остана до ден денес затоа што после изведен временски период повторно се вратив на старото место, но овој пат како модел, раскажува за своите почетоци Елена.

Елена по кратката пауза се вратила во студиото за танц „Бах“ барајќи го стариот адреналин на кој била навикната.

– Се вратив зошто ми недостасуваше стариот адреналин кој име многу познат на сите баховки. Тања не израсна и ни покажа што значи да си храбар, амбициозен и упорен млад човек, особини кои сите не следат низ животот, вели Елена.

Маркоска како своја примарна професија ја избрала медицината. Таа е студент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на отсек општа медицина.

– Го одбрав медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на отсек општа медицина. Хуманоста секогаш треба да биде пред се и затоа слободното време го користам за волонтирање во Црвениот крст во Струга, а две години бев и лидер на младите, додава Елена Маркоска.

Коментари

Популарно