Македонија ќе се фокусира на решавање на спорот со името

Имаме енергија да се фокусираме на прашањето за името со нашиот јужен сосед, и тоа ќе биде биде приоритет на македонската влада, откако се затворија прашањата за Договорот со Бугарија и за јазиците, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред средбата со амбасадорите на земјите од Западен Балкан. Стратегијата за проширување на ЕУ, добрососедските односи, регионалната соработка, поефикасното користење на ИПА фондовите- теми на разговор на работниот појадок на Османи со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија...

Интензивирање на разговорите за спорот со името е еден од приоритетите и Владата ќе се фокусира на него, најави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Вели- имаме енергија да се фокусираме на прашањето за името со нашиот јужен сосед, откако завршивме две крупни прашања, прашањето за јазикот и за Договорот со Бугарија.

Пред средбата со амбасадорите на Западен Балкан, Османи изјави дека очекуваат на тој пат да стекнат многу пријатели за да ја искористат позитивна клима во државата и во регионот. По однос на ова прашање ќе има средби со официјални претставници во Берлин и Атина.

Османи смета дека голем импулс во забрзаната интеграција во ЕУ и НАТО, ќе биде претседавањето на Бугарија со Европскиот совет од јануари идната година. По однос на реформските приоритети, вели дека досега е завршена една третина од мерките кои требаа да се реализираат во првите три месеци, со владиниот план 3-6-9. За него е најважно во моментов да се организираат кредибилни и фер локални избори кои се еден од условите да се тргне условеноста на препораката за почеток на преговори ЕУ.

На сребата со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и на Србија, заклучок дека Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена. Од заеднички интерес е и соработката во рамките на Берлинскиот процес, која претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан.

Коментари

Популарно