Крис Браун прв пат проговоре за денот кога ја претепа Ријана

Се заочнало поради друга жена.

Пејачот раскажува дека неговата пораншна девојка Ријана исто така го удирала за време на "борбата" во нивниот автомобил додека се навраќа на инцидентот зборувајќи во новиот документарец.

Крис Браун беше уапсен во 2009-та година, а во новиот документарец "Chris Brown: Welcome To My Life", 28-годишниот пејач открива детали околу тоа што се случило кобната ноќ.

Според него, тие како пар веќе имале нестабилна и агресивна врска па Ријана повеќе не можела да му верува откако ѝ признал дека имал "нешто" со жена која порано работела за него. 
 

На ноќта на нападот, Ријана и Крис биле на забава пред доделување на Греми наградите, кога истата таа жена со која Крис ја изневерил Ријана неочекувано се појавила таму. 

Ријана се расплакала па парот започнал да се расправа во автомобилот по пат накај дома. 

И покрај напорите да ја смири, Крис вели дека Ријана уште толку побеснела кога нашла порака од жената во неговиот телефон. 
 

Тој се потсетува: "Таа започна да се исклучува целосно, го фрли телефонот викајќи "Те мразам" и други погрдни работи, започна да ме удира. Седиме во тесно, мало Ламборџини и таа не престанува да ме удира. Се обиде да ме клоцне, но потоа јас навистина ја удрив."
 

"Со затворена тупаница, ја удрив и ѝ ја расеков усната, а потоа кога видов што направив бев во шок, "Зошто по ѓаволите ја удри така девојка ти??!" ... Таа започна да плука крв, ме плукна во лице, а тоа уште толку ме разбесни. Тоа беше вистинска тепачка во мал автомобил додека се возиме по улица. Пробав да ја прашам што по ѓаволите правиме? Но таа се обиде да го фати мојот телефон, а јас не ѝ го давав, сакаше да го фрли од прозор."

Крис објаснува дека Ријана го зграпчила за препоните обидувајќи се да му го земе телефонот, па тој ѝ ја загризал раката додека возел, пред да паркира во Лос Анџелес "Хенкок Парк".
Продолжува да објаснува: "Јас само се обидував да ја решам ситуацијата, не се обидував да се борам понатаму, ја сакам, не сакам да ја повредам девојка ми. Но таа ги зема клучевите од автомобилот и одглуми дека ги фрла од прозор. Јас излегов да ги барам клучевите кога некој викна по нас, а таа од нејзината врата започна да се дере: "Помош, тој се обидува да ме убие!!""
 

Крис ги земал своите торби од автомобилот и ѝ кажал сама да се одвезе дома, додавајќи: "До тогаш нејзината усна беше расечена и подуена и изгледаше навистина лошо бидејќи исто така ѝ ја имав удрено главата од прозор... Многупати кога ми се појавува таа слика во глава си викам - "Не си ти тоа брат. Тоа не си ти." Ја мразам таа ноќ до ден денес. Мислам дека засекогаш ќе ме прогонува."

Крис исто така признава дека нивната врска станала насилна уште пред таа ноќ. Откако ѝ признал за другата жена, велејќи "Таа ме мразеше после тоа. Нема што не пробав... На неа не ѝ беше гајле, едноставно не ми веруваше после тоа и толку. Од тогаш па натаму се започна да се тркала надолу, вербални борби, психички борби, физички борби... Ова е прв пат што ќе го кажам ова. Јас сè уште ја сакам Ријана, но ќе бидам искрен - тоа не беше во ред."

Коментари

Популарно