ФОТО: Шокантни слики од Хајди Клум како го бакнува својот син

Од семејниот одмор во Сент Барт на семејството на Хајди Клум се појавија фотографии, кои ги разгневија обожавателите на светскиот модел.

Во суштина она што вознемири е бакнежот во уста со 11-годишниот син Хенри.

Многумина останаа ужаснати од интимноста на моментот и веднаш ја осудија постапката, велејќи дека детето веќе не е во години кога Хајди треба да си дозволи вакво бакнување.

Нешто слично му се случи и на Дејвид Бекам кога јавноста ја виде фотографијата на која ја бакнува малата Харпер во уста. 

Фудбалерот ја одбрани својата постапка велејќи дека тој и Викторија само сакаат да им покажат љубов и внимание на своите деца.
 

-Ме критикуваа за бакнувањето на мојата ќерка во уста. Јас ги бакнувам сите мои деца во уста. Бруклин не го бакнувам. Тој има 18 години и можеби за него сето тоа изгледа помалку чудно, вели Бекам.

Оние кои имаат навика да ги бакнуваат своите деца во уста, најчесто ја оправдуваат истата како сосема нормално и прифатливо однесување. Некои од нив ја задржуваат навиката и на стари години, па се бакнуваат во уста со своите деца дури и кога се возрасни. 

Во 2010-та доктор Шарлот Резник, инаку психолог од UCLA , покрена јавна дебата околу тоа дали родителите треба да ги бакнуваат своите деца на овој начин.

-Ако започнете да ги бакнувате вашите деца во уста, кога ќе запрете? Нештата може да станат мошне збунувачки за детето. Кога детето е на 4, 5 или 6 годишна возраст и започнува да развива сексуална свесност, бакнежот во уста би можел да го стимулира. И да не се случи една таква ситуација, нештата се конфузни. Ако мама го бакнува тато во уста и обратно, што значи кога детето, без разлика дали е машко или женско, го бакнува родителот во уста?, објаснува таа.

Нејзиниот радикален став беше оспорен од дел од нејзините колеги, кои велат дека нема ништо страшно во овој начин на бакнување, сè додека родителот јасно ја постави границата на односот. Некои пак го подржуваат ставот дека бакнувањето во уста треба да престане кога детето ќе потпорасне и ќе стане свесно за својата сексуалност.

Коментари

Популарно