(ВИДЕО) Работниците мораат да ги гледаат шефовите во клинч со стриптизети, сега ја тужат фирмата поради вознемирување

Една финансиска копманија од Њу Џерси се најде во центарот на голема тужба поради сексуално вознемирување откако поранешните вработени одлучиле да прозборат што се случува позади затворените врати на оваа фирма која дневно врти и до 100.000 долари на кредити.

Поранешната шефица на кадровската служба во компанијата „American Funding Group", Никол Орландо, се здружила со четири поранешни колешки и на судот им дала докази за „сексуална септичка јама“ во споменатата фирма.

Овие пет жени тврдат дека директорите на компанијата ја воделе на „сексуално агресивен, морално одвратен и незаконски насилен начин“ на што можат да се натпреваруваат единствено со фиктивни ликови од филмовите.

Шефовите, како што стои во тужбата, се пијанчеле и дрогирале и ги наградувале работниците кои се облекувале  и однесувале провокативно, се замо да ги задоволат своите вулгарни перверзии.

Во канцелариите доведувале стриптизети, често жени со низок раст, кои потоа на вработените и изведувале разни перверзии со помош на сексуални играчки и кукли на надувување.

Еден од директорите на поранешната шефица на кадровско и наредил да и исплати пари на стриптизетите, а кога му рекла дека тоа можеби не му е паметна идеја тој и кажал дека треба да се „помири со тоа“.

Помеѓу развратните забави е и таа на која се славело роденден на еден од директорите, која е снимена и и снимката е приложена како доказен материјал.

Во тужбата стои и како шефовите ги наградувале вработените  кои имале големи гради, се облекувале провокативно или се впуштале во сексуални односи со нив.

Тие што се облекувале конзервативно и кои одбивале да спијат со шефовите биле жртви на бројни навреди. Една вработена ја повикале во канцеларија само за да си „играат“ со нејзините гради.

Една службеничка за поклон добила великодушен бонус за да може да отиде на естетско зголемување на градите.

Во друга прилика директорот запознал една 22 годишна девојка во теретана, веднаш ја вработил, и дал плата од 60.000 долари и скапоцена торба, службена кредитна картичка, а таа во замена со него оддржувала сексулна врска.

Коментари

Популарно