Сончево и топло време до Сабота, а потоа следува невреме

Денеска е четврток, 17 август 2017 година, 228-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 137 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути.

Денов трае 13 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот, а ќе зајде во 15 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната температура од 30 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 33 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и занчително опаѓање на дневната температура.

Коментари

Популарно