Дневен хороскоп

Овен 21.3. - 20.4.

Делувате како личност која има ефикасно решение за различни проблеми. Доволно сте вешти да задоволите различни критериуми за успешно работење. Сепак, најдобрите резултати произлегуваат од заедничките акции. Мудро ја премолчувате вистината за „деталите“ кои не се по нечија волја. Нема потреба да ги проценувате можностите на партнерот, бидејќи не е се онака како што ви се чини.

Сугестија: Акумулирајте позитивна енергија, опуштете се.

Бик 21.4. - 20.5.

Непотребно се заплетувате во различни работни ситуации. Немате довлно енергија да се ангажирате на паралелни работи. Нескромноста во проценката на личните можности може да ве доведе во непријатна ситуација. Делувате премногу вознемирено, не можете да ги остварите сите свои намери на средба со саканиот(ата). Ве очекува нов расплет на случувања.

Сугестија: Во вечерните часови ќе ви одговара психолошка релаксација.

Близнаци 21.5. - 21.6.

Ви импонира сознанието дека некој ве претставува како успешна или несекојдневна личност. Вашиот стил на изразување и работните резултати делуваат како голем поттик на блиската оклина. Потребно е да одредите нови правила во службената соработка. Чувствувате емотивна наклонетост и заедничка инспирација на средба со саканиот(ата). Сјајно се дополнувате на различни ниво.

Сугестија: Емотивната афирмација во вас поттикнува нова енергија.

Рак 22.6. - 22.7.

Понекогаш не е доволно да имате добра идеја, бидејќи постојат различни околности кои отежнуваат успешна реализација. Немате доволно енергија да се занимавате со паралелни работи, постои листа на приоритети кои треба да ги испочитувате. Настапувате премногу театрално во своето однесување и вашите зборови не звучат доволно убедливо пред личноста која ви се допаѓа. Променете го својот стил на однесување.

Сугестија: Нема потреба да ги проценувате личните можности, чувствувате дополнителна тензија.

Лав 23.7. - 22.8.

Имате впечаток дека некој ви ја ускратува можноста за избор. Без оглед на вештината и менталните шпекулации кои ги применувате, некој однапред и точно ги предвидува вашите работни потези. За жал убавите и корисни работи не можете да ги добиете во заеднички пакет. Тактиката на надмудрување во односот со саканиот(ата) не го донесува саканиот епилог. Пора да се вратите чекор наназад како би ја расплетиле ситуацијата.

Сугестија: Избегнувајте импулсивни реакции и брзоплето однесување.

Девица 23.8. - 23.9.

Делувате многу промислено и донесете разумно решение. Стилот кој го применувате околината го толкува на различни начини, но сите ви даваат за право да се наоѓате на чекор од успехот. Се обидувате да усвоите нечија емотивна наклонетост, но тоа како да го правите на погрешен начин или со голема доза на претерување. Важно е правилно да разберете нечија порака.

Сугестија: Застанете за момент и успорете го своето забрзано темпо.

Вага 24.9. - 23.10.

Пред вас се различни обврски кои бараат заеднички договор за нова или подобра организација на работните интереси. Добро одмерете ги личните можности и внимателно избирајте ги соработниците од доверба. Завршете ја на време започнатата работа. Важно е подобро да разберете нечиј афинитети, посебно кога имате различни уверувања. Нема причина да се однесувате премногу со барања и надметно во друштво на саканиот(ата).

Сугестија: Ќе ви одговара некој вид на спортска активност или релаксација.

Скорпија 24.10. - 21.11.

Можно е да пропуштите една работна-финансиска шанса, но сега не вреди да жалите. Насочете го своето внимание кон корисните цели. Нема потреба да се споредувате со некои соработниците, покажете дека поседувате практичен ум. Бидете внимателни повеќе од вообичаено во изразувањето на своите емоции, не дозволувајте некој да ве испровоцира на погрешно однесување. Одложете го спроведувањето на некои одлуки.

Сугестија: Избегнувајте напорни ситуации во кои не се чувствувате пријатно.

Стрелец 23.11. - 21.12.

Делувате ангажирано на различни страни, но имате лошо претчувство и својата околина ја посматрате со одредена доза на недоверба. Најдобро функционирате кога се потпирате на лична проценка и сила. Ве иритира партнеровото однесување или намера да ве наведе на својот избор. Некој во вас буди желба за емотивна доминација и чувствувате дополнителна тензија.

Сугестија: Избегнувајте конфликтни ситуации и сочувајте ја присебноста на духот.

Јарец 22.12. - 20.1.

Делувате напнато во ситуации кога соработниците имаа полесно или едноставно решение. Ако побарате нечија помош, бидете подготвени и на соодветна противуслуга. На работните средби се се сведува на принципот на „земање или давање“. Не може да останете рамнодушни на нечија појава и однесување. Вознемирени сте и тешко ги контролирате своите емоции.

Сугестија: Ќе ви одговара излегување или прошетка, како поттик за добро расположение.

Водолија 21.1. - 19.2.

Оптеретени сте со различни обврски, но правете се што е потребно да се концетрирате на приоритетните цели. Новите случувања најчесто ги доживувате како голем терет или неправда која ви ја наметнува блиската околина. Положбата на Месечината влијае на вашата емотивна или психичка вознемиреност, тешко ги разликувате своите субјективни желби во однос на реалната слика. Сега не е момент да донесувате важна одлука.

Сугестија: Применете некоја од техниките на психолошко опуштање.

Риби 22.2. - 20.3.

Се наоѓате во необична ситуација, имате впечаток дека некој од соработниците ги тестира вашите способности или дека професионално ве искушува. Различните прашања за работните односи и довербата, за сега остануваат без одговор. Не дозволувајте во вас да превладее сомничавоста кон саканиот(ата) или чувството на емотивна резигнација. Поттикнете ги во себе сите позитивни аспекти на својата личност.

Сугестија: Ќе ви одговара психо-физичка релаксација.

Коментари

Популарно