Зошто не одговара на пораки секој од хороскопските знаци?

Секој од нас понекогаш заборава да одговори на порака бидејќи е зафатен со нешто друго, а понекогаш и намерно ја игнорираме. Постојат многу причини зошто не одговараме на одредени пораки и некои од нив имаат врска со карактеристиките на нашиот хороскопски знак. 

Овен

Овој знак ја прочитал вашата порака, но веднаш се зафатил со друга обврска. Ќе ви одговори на пораката, но ќе почекате неколку часа за да го добиете нивниот одговор.

Бик

Чекате да ви одговорат цел ден, а тоа е периодот додека припадниците на овој знак спијат. Ќе ви одговорат кога ќе се разбудат… освен ако не заспијат повторно, што е многу веројатно.

Близнаци

Го слушнаа звукот на пораката, но не можат да го најдат телефонот. Очајно го бараат негде под душекот, а кога ќе го пронајдат ќе ви одговорат.

Рак

Доколку не добиете веднаш одговор од овој знак во зодијакот, бидете сигурни дека навистина биле зафатени во тој момент.

Лав

Доколку се чувствувате дека лавот ве игнорира, веројатно сте во право.

Девица

Тие би сакале да го продолжат разговорот и да ви одговорат, меѓутоа Девиците некогаш имаат проблем да ги пронајдат вистинските зборови, па можеби чекаат повторно вие да го направите следниот чекор.

Вага

Вагата секогаш одговара на пораките. без исклучок.

Скорпија

Немаат нерви да одговараат на пораки. Кој е поентата на разговор преку пораки кога не можат да се посветат целосно?

Стрелец

Преиспитајте се себе си. Доколку Стрелецот не врати веднаш на вашата порака, сигурно сте направиле нешто погрешно.

Јарец

Престанете да го вознемирувате Јарецот со пораки. Тие преферираат разговор во четири очи, бидејќи пораките многу лесно се игнорираат.

Водолија

Водолијата никогаш нема да ви одговори на пораката доколку е со свите пријатели. Тие се фокусираат само на една работа, а бидете сигурни дека прецизно ги одредуваат своите приоритети.

Риби

Рибите секогаш го држат својот телефон во рака. Доколку не ви одговорат, бидете сигурни дека играат некоја игра или пак бираат филтер за своето ново “селфи”.

Коментари

Популарно