Мислење од Антикорупциска комисија: Разрешувањето на Зврлевски е противзаконско

Откако во Собранието на Република Македонија пристигна мислењето од Антикорупциска комисија во кое се вели дека не може да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски, два различни става од мнозинството и опозиијата.

За ВМРО ДПМНЕ, мислењето е доказ дека Собранието работи противзаконски.

-Именувањата и разрешувањата на директорите кои новата власт ги направи во последниот период се противзаконски и противправни. Сите смени на директорски позиции кои новата Влада ги направи после распишувањето на локалните избори се противзаконски. Исто така Собранието не смее да го разреши ниту Марко Зврлевски од позицијата јавен обвинител, се до одржувањето на локалните избори- ова беше соопштено од Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конститурање на советот на општините и градот Скопје, постои законска пречка да разрешуваат  и да се именуваа лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието на Република Македонија или други институции кои вршат именувања и разрешувања, се вели во соопштението.

Пратеникот Илија Димовски денеска од собраниската говорница истакна дека со објавеното мислење на Антикорупциска, јасно е дека дискусијата по однос на точката разрешувања на Марко Зврлевски е незаконска.

-Ние нашата цел е постигната, ние од самиот старт знаевме дека ова тесно мнозинство е одлучено да го разреши Зврлевски и немавме никаква дилема дека тоа е донесена политичка и партиска одлука од штабот на СДСМ, нити во одреден момент мислевме дека со дискусија ќе смениме мислење на овие 62 пратеници. Но во исто време целата јавност дозна дека СДСМ е спремен грубо, дрско да крши закон и да крши најзначајно изборен закон и во оваа постапка, во Собранието, но и во сите други постапки во оваа држава, изјави Димовски.

Димовски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ќе ја напуштат оваа точка од седницата и иако има пријавени 9 луѓе за реплики, нема повеќе да учествуваат во оваа протизаконска постапка.

-Ние немаме намера повеќе да бидеме дел од противзаконски постапки. На било која друга седница која што ќе ја закажете утре,задутре или било кој друг, кога ќе разговараме за егзистенцијални проблеми на граѓаните, ние ќе дојдеме, но на се што е противзаконско, сега и со документ, нема да присуствуваме.

Сепак, спикерот и мнозинството не се согласуваат со решението. 

За Талат Џафери ставот на Антикорупциската комисија дека не смее сега се менува Зврлевски е незаконско и ги прекршува Уставот и Деловникот.

Коментари

Популарно