ФОТО: Неда Украден го прослави 67от роденден во секси костим за капење

Балканската ѕвезда својот роденден  го прослави каков што и е и стилот, софистицирано и убаво.
Неда Украден, денеска, 16 август, го прослави 67. роденден, а славењето го почна на малиот ексклузивен остров Корчула, каде што пејачката во моментот ужива.

„Домаќините од Оребиќ кај што гостував претходната ноќ приредија вистинска роденденска забава, всушност, неколку часа порано!“, изјави пејачката.

„Не е важно колку години имате во животот, туку колку живот имате во годините!“, заклучи Неда, која на овој значаен ден за неа позира во костим за капење и повторно покажа дека годините не ѝ можат ништо.
 

Коментари

Популарно