ВИДЕО: Маж се прободел со шајка во градите па си се однел во болница сам

Маж кој поради невнимание си забил клинец во својот граден кош и срцето, дошол во болница со автомобил и се паркирал уредно, пред да се јави во одделението за Брза помош и им кажал: „Имам клинец го градниот кош“, јавува агенцијата АП.
 

Бергесон правел камин во својот дом кога клинец исфрлен од автоматски пиштол се одбил од дрво и се забил во неговите гради.

-Мислев дека само малку ме закачил, но не видов добро. Се чувствував добро, но кога ја кренав маицата видов дека сантиметар или два од долгиот клинев се појавува од моите гради, остатокот беше длабоко внатре. Видов како се поместува во ритамот на моето дишење и чувствував дека ме боди со секое отчукување на срцето, раскажува Бергсон, кој живее во градот Пештиго, во североисточен Висконсин.

Вели дека повеќе бил изнервирам отколку загрижен.

-Бев фрустриран што морам да одам во Брза помош. Разумот ми говореше да не го вадам клинецот, раскажува тој.

Потоа се истуширал, седнал во автомобилот и отишол во болница. Тоа што е најчудно се паркирал пред да блезе во брзата помош.

Дури кога дошол до пултот осетил поголема болка и повикал помош. Додека чекал да дојде лекаро и пишал порака на сопругата да му донесе друга маица.
 

 

Доктор Александар Роитстај се уверил дека клинецот го погодил срцето, но бил на само милимитар два од главната артерија.

-Милиметри го делеа од смрт, кажа лекарот за овој неверојатен случај.

Го пофали Бергсон што нас не пробувал сам да го извади клинецот. Откако лекарите го извадиле клинецот, Бергсон поминал два дена во болница, а остатокот во својот дом.

Коментари

Популарно