Мачор на прошетка низ Европа: поминал 900 километри за половина година

Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во - Австрија, цели 950 километри од својот дом, јави телевизијата ОРФ.

Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка и била пронајдена. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.

Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно - наскоро Пепер ќе се врати дома. 

Коментари

Популарно