Раул Гонзалез: Останувам во Македонија и по Сергеј Самсоненко

Откако спонзорот на спортскиот колектив Вардар, Сергеј Самсоненко, најви дека по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти претседателското столче на Вардар, секој фан на ракометната игра во нашата земја е во искушение што ќе се случи со новиот селектор, Раул Гонзалез. 

Токму за оваа ситуација шпанскиот стратег зборуваше во интервјуто за весникот „Нова Македонија“. Раул открива дека ќе почне да ги разгледува понудите, но најави дека не мрда од кормилото на ракометната репрезентација. 

„Тоа што од идната сезона ќе си заминам од Вардар поради најавата на вардаровиот спонзор Сергеј Самсоненко дека од идната сезона нема повеќе да инвестира во Вардар, не се однесува и на македонската репрезентацијата. Јас и понатаму останувам на селекторското место, имам договор со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и истиот ќе го почитувам. Нѐ очекува Европското првенство (ЕП), кое следната година ќе се одржи во Хрватска, а на кое и Македонија обезбеди настап. Во Македонија се чувствувам одлично, а ракометот е многу популарен спорт, кој има голем број приврзаници, што се виде и при нашето освојување на европската круна“, изјави Гонзалез за весникот „Нова Македонија“.

Шпанскиот стратег на клупата на Македонија седна пред неколку месеци како замена за новиот хрватски предводник, Лино Червар и веднаш се почувствува неговото присуство. Македонија дотогаш беше под знак прашалник дали ќе обезбеди пласман на ЕП во Хрватска, но по одличните партии во продолжението на квалификациите,  нашите ракометари завршија на првата позиција. 

Коментари

Популарно