Фиорентина со денешниот потег навести дека Калиниќ си заминува

Напаѓачот на Фиорентина Никола Калиниќ е решен да му се приклучи на Милан летово и не тренира со остатокот од тимот последниве два дена, а изгледа дека и клубот се откажа од обидите да го задржи во своите редови.

„Виолетовите“ денеска ги објавија бројките на дресовите за новата сезона и „деветката“ на Калиниќ ја доби засилувањето Џовани Симеоне. Хрватскиот репрезентативец го доби бројот 99, но фактот што ја изгуби „деветката“ е индикација дека ќе го напушти клубот во блиска иднина.

Коментари

Популарно