Пресврт во милионската кражба во Велес: Снаата го земала златото

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расветли кражбата на златен накит во куќа во тетовското село Боговиње, пријавена пред два дена околу 21 часот.

Според пријавеното, непознати сторители преку незаклучената врата влегле во куќата и додека снаата била во бањата, од невестински фустан во регал, во една од спалните на катот, одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит, чија вкупна вредност се проценуваше на 2 милиони и 250 илјади денари.

-По преземените мерки и активности утврдено е дека накитот претходно кај нејзините најблиски го однела снаата, но наводно заборавила да им каже на другите, меѓу кои и на свекорот, кој ја пријавил кражбата, информираат од СВР Тетово.

Накитот вчера бил пронајден и вратен, а СВР Тетово случајот наскоро ќе го заокружи со соодветен поднесок.

Коментари

Популарно