(ВИДЕО) Членовите на екипажот нашле начин како да ги забавуваат патниците

Членови на екипажот на авиокомпанијата Саутвест Ерлајнс нашле начин како да им го скратат четиричасовниот лет на патниците од Јужна Каролина до Колорадо.

Тие ги поделиле патниците во два тима за да можат да организираат трка со тоалетна хартија. Победник е онаа страна која побрзо ќе ја развие хартијата од првиот до последниот патник во низа.

Еден од патниците, кој се наоѓал во победничкиот тим, објави видео од играта на својот Фејсбук профил.

-Сум летал со најразлични авиокомпании во текот на целиот живот и кога помислив дека сум видел се, стјуардесите на нашиот лет одлучија да организираат трка со тоалетна хартија. Најзабавен лет некогаш, напиша патникот.

Авиокомпанијата го сподели видеото на својата страница со опис: Добра брзина, одлична форма. Овие патници можат да имаат одлична иднина во професионалните трки со тоалетна хартија.

Коментари

Популарно