(ВИДЕО) Модриќ ја „смири“ топката како Роналдињо, Марсело го награди со аплауз

Актуелниот шпански шампион, Реал Мадрид се подготвува за утрешното гостување во Ла Коруња, натпревар со кој ќе ја започне одбраната на титулата од минатата година.

На денешниот тренинг, Зинедин Зидан не можеше да смета на Кристијано Роналдо, но сите останати фудбалери му беа на располагање. Португалецот ќе ги пропушти првите четири кола од Примера поради казната добиена за време на шпанскиот Суперкуп.

„Кралевите“ добро се забавуваа на тренинг центарот во Мадрид, а шоуто накратко го украде Лука Модриќ, кој во стилот на Роналдињо ја „смири“ топката и предизвика одушевување кај соиграчите.

КОНТРОЛАТА НА РОНАЛДИЊО:

КОНТРОЛАТА НА МОДРИЌ:

Коментари

Популарно