Затворена гостилницата „ДМ“ откако пет лица се пожалиле од труење

Пет лица се затруле во гостилинцата „ДМ“лоцирана на улицата „Орце Николов“, поради што Државниот санитарен здравствен инспекторат привремено стави клуч на објектот. Лицата со симптоми на труење се примени на Инфективната клиника, а врз гостилницата денеска е извршен вонреден инспекциски надзор.

„Од извршениот вонреден инспекцискиот надзор се констатира незадоволително одржувана општа хигиенска состојба во објектот и веднаш е извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектот од овластена установа, согласно закон, се употребува наменско дезинфекциско средство за простор и опрема со уреден рок на употреба согласно закон, а сите вработени лица имаат извршено задолжителен здравствено-хигиенски преглед, согласно закон и правилник. Вработените лица во кујна користат заштитна опрема при работа, а сите присутни вработени лица носат работна облека“, велат од Инспекторатот.

При надзорот, додаваат од таму, се земени материјали за микробиолошко испитувањ десет брисеви од работни површини во кујна и од кујнска опрема, брисеви од нос и грло од присутните шест  вработени лица, испироци од раце од четири затекнати вработени лица во кујна и на шанк и 5 мостри од храна според епидемиолошкиот увид на екипата од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје.

Коментари

Популарно