ФОТО: Пукна срам во Хрватската национална телевизија кога гледач напиша „Ништо од сексот Зоране“

Хрватски гледач бил креативен во искажувањето на своето незадоволство.
Во поштенското сандаче на хрватската јавна телевизија пристигнала необична разгледница од незадоволен гледач, упатено на главниот метеоролог, Зоран Вакула.
 

-Зоране, онаа вечер кога рече дека ќе биде претежно ведро, одведов една Германка на плажа. Паѓаше дожд. Ништо од сексот Зоране. Отсега ќе го слушам Никола Викиќ-Топиќ, се надевам дека си среќен Зоране- напишал незадоволник кому времето очигледно му го расипало излегувањето, а потпирањето на прогнозата, не дало добри резултати-пренесува РТЛ.

Коментари

Популарно