СТРАШНО: Убиени деца и жени во бомбашки напад

Бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на полициска станица во Лашкар Гаху.
Авганистанските власти соопштија дека талибански бомбаш самоубиец извршил напад во јужниот дел на земјата, при што се убиени пет лица, а 25 се повредени.

- Бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на полициска станица во Лашкар Гаху, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Хелманд, Омар Звак.

Тој истакна дека меѓу жртвите во нападот, за кој одговорност презедоа талибанците, има жени и деца. 

Коментари

Популарно