(ВИДЕО) Додека Дејан Матиќ пееше, гитаристот до него се посрамоти за цел живот!

Снимката која се појави на интернет го шокираше регионот во секоја смисла на зборот.

Имено, на еден неодамнешен настап на Дејан Матиќ, неговиот гитарист од бендот направи нешто неочекувано пред публиката, која го улови на снимка со мобилен.

Додека Матиќ пее, а до него на клавијатурите има банкнота (најверојатно бакшиш), гитаристот се сврти на страна, па мислејќи дека никој не го забележува, ги зема парите во свој џеб.

Снимката експресно се рашири на социјалните мрежи, како и осудата за тоа што гитаристот зема пари од човек со оштетен вид.

Сепак, музичарите можеби нема да се сложат со ваквите обвинувања, бидејќи е познато дека бакшишот најчесто го собира еден, а подоцна го разделува и на останатите колеги.

Дали бил таков случајот и со гитаристот на Дејан Матиќ, останува да видиме доколку некој од нив ова го потврди или демантира.

Коментари

Популарно