(ВИДЕО) Страшни снимки, ураганот руши се пред себе - се гасат нуклеарки, луѓето бегаат

Најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете го изгубија животот во налетот на ураганот Ирма кој остави пустош на Карибите. Ветер со брзина од 360 километри косеше се пред себе.

Се очекува дека Ирма наскоро ќе помине и во близина на американската територија на Порторико, изјави американскиот Национален центар за урагани. Во оваа земја повеќе од половина од населението остана без електрична енергија, а ураганот донесе обилни дождови и силни ветрови.

Ураганот руши се пред себе, лушето бегаат во паника, се гасат нуклеарки.

Коментари

Популарно