Најбогатиот Албанец во светот е од Тетово, Македонија!

Албанские медиуми пишуваат дека најбогатиот Албанец во светот е од Македонија. Станува збор за Назиф Дестани од Тетово, чие богаство се проценува на над 3 милијарди долари.

Тиранскиот весник „Мапо“ пишува дека Назиф Дестани кој е брат на познатиот глумец Блерим Дестани и син на сопственикот на компанијата ,,Еколог Интернационал,,Лазим Дестани, учествувал на големиот спектакл на најгледаната албанската телевизиска емисија ,,Опинјон,, на ТВ Клан, кој ја води познатиот албански новинар Бледи Фејзиу .

Медиумите во Албанија наведуваат дека Назиф Дестани не е многу заинтересиран за да биде пред камерите, но притоа додаваат дека оди сигурно по бизнис чекорите на негивоот татко кој е основач на познатата компанија која има свои активности во 39 земји во светот.

Коментари

Популарно