Видео: Невреме во Србија - дрва откорнати од корен, контејнери летаат по улици

Силен ветер со обилни врнежи синоќа го погодиле Лесковац, а зад себе оставиле повеќе штета од очекуваното.

Покрај искршените и откорнатите дрва, ударот на ветерот бил толку силен, што откорнал и струен објект, односно столб и го исфрлил среде улица. Контејнери летале по улиците, а гранките кои се заплеткале во струјните мрежи предизвикале мрак во некои делови од градот.

За среќа, нема повредени, само поедини делови од градот останале без електрична енергија, бидејќи скршените гранки откинувале струјни кабли.

Коментари

Популарно