(ВИДЕО) Блокиран спотот: Поради порнографија Александра Пријовиќ забранета на ЈуТјуб

Александра Пријовиќ се најде во голем проблем зошто нејзиниот спот за песната „Сепаре“ на ЈуТјуб е забранет за малолетници. Таа доби блокада поради порнографската содржина во овој видео - запис.

Лицата помлади од 18 години кои го отвориле налогот на ЈуТјуб со вистински податоци за годината на раѓање не ќе можат да го отворат спотот на пејачката зошто автоматски дава сигнала дека е невозможно да се пушти. Може да го гледаат само полнолетни лица.

Александра на снимката се појавува во садо-мазо фазон, како манекенка која камшикува мажи по задникот. Тоа е препознаено како порнографија.

-Спотот на Александра очиглено е премногу провокативен штом адиминистраторот на ЈуТјуб одлучи да им го ограничи на корисниците. Воведена е забрана за малолетници и тие немаат можност да ја видат снимката, во која фолкерката вложи многу пари. Иако Прија мисли дека се е снимено професионално и во граница на нормалата, изгледа некои од експлицитните сцени ги поминале тие граници. Во спортивно, цел свет ќе можеше да го види нејзинито спот, кој е работен со денови, вели извор близок до фолкерката и додава дек нејзината публика таа нејзина песна посебно ја издвои од албумот и ја вброи меѓу најслушаните.

-На Александра и по неколку пати во вечерта на настапите и бараат да ја отпее „Сепаре“. Песната брзо им влезе на сите и стана хит. Токму поради тоа пејачката се нервира, ја боли забраната зошто смета дека се е направено крајно професионално, вели извор близок до пејачката.

Снаата на Брена по излегувањето на своето првенче зборуваше за експлицитните сцени од спотот и се правдаше дека за таквите кадри биле ангажирани други луѓе, а не таа.

-Погрешно е се протолкувано. Јас не сум цело време во спотот. Бев во три кадри во кои пеам плејбек, останатите сцени ги глумеа девојки и момчиња. Јас никого не удирам со камшик. Знаев отприлика што ќе се снима, но не присуствував. Супер е направено на крајот, рече Прија, која признава дека момчето Филип Живојиновиќ максимално ја поддржува во се.

Има поддршка од момчето

ГОЛА И ВО СПОТО ЗА „ТЕЛО“

Александра се соблече и во спотот за песната „Тело“ каде се бањаше гола во џакузи. Таа на почетокот се противеше на таа идеја на своите соработници, но пресуден збор имаше Филип Живојиновиќ.

-Не сум од оние кои сакаат да се соблекуваат голи, но кога ми објаснија како тоа ќе изгледа во спотот, ми се допадна. Признавам дека во почетокот се противев, скокнав и реков дека не ми паѓа на памет така да ме снимаат, буквално врескав. Натенае ме убедуваат сите од тимот, но зборот на Филип беше пресуден.

Коментари

Популарно