Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина денес ќе го потпишат договорот за заемно признавање и замена на возачките дозволи.
Претставници на македонската влада на потпишувањето на договорот се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а босанската Влада ќе ја претставува министерот за комуникации и транспорт Исмир Јуско.