(ВИДЕО) По Ирма ова видео ги воодушеви сите

Во Вест Кендал во Флорида веднаш по ураганот Ирма е забележана калуѓерка како со моторна пила го сече дрвото кое паднало и го блокирало патот. 

Сестра Маргарет Ен сакала да им помогне на своите сограѓани, а ја сликал полицаец. 

„Додека се бориме да се оправиме од Ирма, вакви моменти на несебичност потсетуваат дека сме обединети“ - напишал полицаецот. 

Сестрата Маргарет Ен потоа за BBC објаснила дека сакала да се вклучи во работите. 

Иако добила одговор дека полицијата ќе ја заврши работата, таа рекла дека нема време за тоа и дека некој може да се повреди. 

Штетата од ураганот се проценува на 200 милиони долари. 

Коментари

Популарно