ХОРОР во автобус на ЈСП: Расечено 18 годишно момче

На 13.09.2017 година околу 19:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус бр.56 на Јавното сообраќајно преторијатие(ЈСП), кој сообраќа на линијата кон с.Бојане, бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу патници во автобусот.

По интервенција на полициски службеници, во полициска станица бил приведен Р.Р. (20) од с.Арнакија, кај кого бил пронајден нож.

Во тепачката бил повреден С.Ф. (18), кој имал расекотина на раката. Била повикана Итна медицинска помош, која по укажување на лекарска помош го пуштила лицето на домашно лекување.

Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментари

Популарно