Знаете ли дека повеќе од половина од денешните мисли се од вчера?

Човечкиот ум е чудесен. Преку него можеме да постигнеме кулминација во нешто, да ги реализираме нашите соништа и да ги оствариме сите наши цели.

Меѓутоа, ако сето тоа го сакаме, прво треба да ги разбереме принципите по кои функционира нашиот ум. Ве покануваме да ги научите фактите за работата на умот и да започнете да ги користите уште денес.

1. Менталната работа не го заморува умот Чувството на замор доаѓа од нашите емоции. Крвта циркулира низ мозокот за време на активната работа, а тој воопшто не се менува. Иако крвта на човекот кој, на пример, работел цел ден, значително се менува.

2. Умот обично работи автоматски Повеќе од половина од денешните мисли се мислите од вчера. Затоа на песимистите им е тешко да ја променат својата перцепција за светот. Тие буквално треба да го исчистат својот ум и почесто да реагираат на позитивните работи.

3. Луѓето го гледаат она за што размислуваат Сите мисли се претвораат во животни искуства. На пример, ако сонуваме за патување во Париз, сѐќе нѐпотсетува на тој град. Ако сакаме да го смениме светот околу себе, прво треба да ги промениме нашите мисли.

4. На нашиот ум му треба тренинг исто како и на нашето тело Мозокот не се разликува од мускулите и, исто така, има потреба од тренинг. Учење, вежбање на свеж воздух, здрава исхрана, здрав сон, патување до нови места, нови активности, водење белешки, танцување, па дури и играње тетрис е корисно за нашиот ум.

5. Нашиот ум никогаш не одмора Дури и кога спиеме, нашиот ум и понатаму работи. Уште повеќе, неговата активност во текот на спиењето е поголема од активноста во текот на денот.

6. Повремено да се исклучуваме е од витално значење За да не се задушиме во огромен број на негативни мисли, неопходно е да се исклучиме и да дадеме издишка за нашиот имунолошки систем. Не заборавајте на активен одмор, кој за нашиот ум е најкорисниот вид на релаксација.

7. Добро е да се заборави, бидејќи тоа е начинот на кој ние можеме да ја задржиме способноста да се прилагодиме на нашиот нервен систем За да ги зачуваме новите спомени, умот мора да се реши од старите. Би било убаво ако можеме да одлучуваме што треба да запомниме, а што да заборавиме. За да го постигнеме тоа, треба да ги користиме информациите кои сакаме да ги зачуваме.

8. Нашиот ум не чувствува болка Иако реагира на болка, нашиот ум не ја чувствува поради недостаток на неопходни рецептори. Иако овој факт не важи за крвните вени и нервите кои го опкружуваат нашиот ум.

9. Можеме да го промениме нашиот ум Секоја активност предизвикува нашиот ум да генерира нови нервни врски. Ако мислиме дека не сме во можност да постигнеме промоција, таа идеја во нашата свест ќе зајакне со време. Но, ако го употребиме терминот “Јас ќе успеам”, умот ќе ви даде можност да го постигнете тоа. Имаме способност да постигнеме било што, само треба да веруваме.

Коментари

Популарно