(ВИДЕО) ГРДОСИЈА ОД ЕДЕН ТОН: Руските рибари фатиле „грдосија“ тешка еден тон!

Група на рибари од рускиот остров Сахалин не очекувала дека во своите мрежи некогаш ќе налета на ваква грдосија.

Имено, фатиле риба од 1.100 килограми. Се работи за една од најтешките „коскести“ риби во светот, позната како месечева риба.

„Не се сеќавам дека некогаш нешто вакво сме виделе или уловиле, имало риби и по метар и половина, но никогаш не сум видел оваа врста на риби да тежи тон“, рекол рибарот Артур Балкаров.

Штом огромниот улов е донесен на брегот, веднаш започнал да се распаѓа, па рибарите немале никаков избор освен да го однесат на ѓубриштето каде локалците ги фрлаат остатоците од уловот за мечките.

Трговијата со месо од оваа риба во ЕУ е забранета, но во многу азиски земји како Јапонија или Тајван, се смета за деликатес.

Коментари

Популарно