Топол ден - температури до 36

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од југозападен, а долж Повардарието и од северен правец. Особено топло ќе биде во југоисточните делови. Т-мин. од 9 до 15, а т-макс. од 28 до 36 степени. УВ=7

СКОПЈЕ

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Т-мин. 13, а т-макс. до 32 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи. Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата (максимална од 17 до 24 степени), но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.

Коментари

Популарно