ВИДЕО: Што сработе Трајановски за 8 години како градоначалник на Скопје?

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, по 8 години како татко на главниот град, од своите сограѓани побара нов 4 годишен мандат. За таа цел градоначалникот во ова видео дава отчет за тоа што е сработено во метрополата во минатите два мандата.

„Почитувани жители на Скопје

Драги сограѓани!

Сакам да Ви се обратам како ваш сограѓанин, скопјанец, градски татко, пријател.

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за досегашната доверба која ми ја дадовте на локалните избори во 2009 и во 2013 година за позицијата градоначалник на Градот Скопје.

Со ваша поддршка и преку секојдневната комуникација со Вас реализиравме многу проекти во овие 2 мандати.

Како кандидат за градоначалник на главниот град од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и по трет пат ја барам довербата од Вас граѓаните, која имајќи ја во изминатите години беше чест и привилегија, а во исто време и уште поголема одговорност. 

Ви го претставувам мојот отчет со најкапиталните проекти за сработеното во изминатите два мандати.“

Коментари

Популарно