ВИДЕО: Наместо романтика, коњот им се онесвестил среде улица

Сите младенци сакаат венчавката да им биде посебна и незабравна, па се обидуваат да направат се да го постигнат тоа.

Овој италијански пар од Боргета во близина на Палрермо, изнајмиле бел коњ за да ја влече нивната кочија,и се да биде совршено, но сепак не било баш така.

Откако се нашле на угорница, коњот се срушил на земја, тој се онесвестил од исцрпеност, откако влешел тежина од околу 400 килограми- пишува Дејли меил.

Кочијашот се обидел да го освести коњот и да му помогне, но сепак тоа потрајало при што предизвикало метеж на улиците.

По повод овој инцидент се огласиле и здруженијата на животни во Италија кои сакале да дознаат во каква состојба се наоѓа коњот и најавиле можна тужба.

Овој несреќен пар, венчавка нема да ја паметат по добро.

Коментари

Популарно