Студено време со дожд и грмежи

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ=5

 Т-мин. од 7 до 15 а т-мин. 22 до 33 степени.

Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Т=10/28.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

Коментари

Популарно