Зоран е убиецот на Јелена, нешто „смрди" во неговата приказна

Полицаецот Владимир Савиќ од Србија во разговор за српскиот Курир, ексклузивно говори за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ и мистерија која таре веќе година и половина.

- Се што читам наутро, навечер, попладне тоа е убиството, кое е главна тема секаде. Се што јас би прашал јавно е зошто претресот на куќата на Јелена се случи утредента од убиството и беше одложен? Во која положба бил тепихот? Како е можно Јелена да трча на насипот и да и го најдат лешот, а нејзиниот сопруг да оди таму со автомобил иако има рапма?, започнува полицаецот.

Според него, со оглед на тоа што живее на тој терен, невозможно било Зоран ништо да не види и да не чуе.

- Не е можно Јелена да ја убијат на насипот, а тој да не види и да не чуе ништо. Се се гледа и слуша, не е можно нема толку густо зеленило за да не ја види, вели тој.

Полицаецот вели, кој нормален сопруг и татко си оди со детето, наместо да ја побара сопругата која ја нема? 

- Ако покојната воопшто трчала тој ден, како не се вратил по неа. Рекла дека ќе истрча круг, зошто заминал дома мислејќи дека таа е таму? Час по погребот дава интервју, а сега влезе и во реално шоу. Тука нешто смрди, вели полицаецот.

Според него, тој имал и помош од семејството за злосторството.

Коментари

Популарно