(ВИДЕО) Мистериозни карпи на секои 30 години „снесуваат јајца“

Во овој геолошки феномен, од карпите редовно излегуваат јајцевидни камења кои се поместуваат од 20 до 40 сантиметри. Клисурата од која излегуваат јајцата потсетува како некоја митолошка легенда. Но, овој геолошки феномен не само што е реален, туку редовно се повторува. Карпите не ги раѓаат јајцата, туку камењата имаат форма на јајце.

Една од таквите мистериозни карпи се наоѓа во Кина, поточно во југозападна провинција Гизу. Најблиското село има само 20 домаќинства, но меѓу народот станале познати поради тие необични камени јајца. Досега луѓето од оваа област имаат пронајдено 68 парчиња, пишува „IFL Science.

Во временски период од 30 години, карпата висока околу 6 метри, исфрла камен во вид на јајце кој потоа паѓа во нејзиното подножје. Обичната карпа има необичен феномен. Тоа се камења големи од 20 до 40 сантиметри, а според локациите во близина се наоѓаат уште неколку помали „камани јајца“.

Карпата е создадена од вообичаен тип карпи од варовник кои настанале пред околу 500 милиони години. Јајцата се создадени од остатоци од седимент, објаснуваат експертите. Слични, тркалезни камени карпи се појавуваат во други делови од светот, на пример во Колорадо, но никаде не се појавуваат во форма на јајце како во Кина.

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно