(ВИДЕО) Изведба која ќе ве наежи - емотивна изведба на America's Got Talent од девојката која претрпела авионска несреќа

Девојката која претрпела ужасна авионска несреќа, покрај што преживеала се здобила и со тешки изгореници низ целото тело. Таа се појави на шоуто Америка има таленти со прекрасен полуфинален перформанс.

Надарената пејачка ги шокираше судиите на шоуто со нејзиниот емотивен настап. Кечи Оквучи има 27 години, но таа беше само 16 - годишно девоје кога ја претпела тешката авионска несреќа во која загинале 107 патници од вкупно 109. 

Додека се опоравувала, Кечи, која пее од рана возраст, се потпре на музиката за да може да заборави што и се случило. Поради тоа нејзиниот талент процветал и ја довел пред суровите судии на ова шоу.

"Додека лежев во болничкиот кревет со завои од глава до пети, не можев да се преместам ниту да направам нешто друго. Поради тоа музиката ми беше единственото бегство од реалноста и тоа ми значи многу", вели Кечи за време на првото појавување во шоуто.

Таа започна со прекрасен сегмент од акапела, прикажувајќи го нејзиниот прекрасен вокален опсег, пред да и се приклучи и пијанист. Публиката ја поздрави, а Мел Би не можеше да се воздржи па ги бришеше солзите, додека Кечи пееше.

Коментари

Популарно