Еден маж се обидел преку граница да ја прокриумчари својата жена и тоа во куфер.
Неодамнешната снимка од границата меѓу Турција и Грузија која ја снимиле безбедносните камери, покажува како 47-годишен човек влече куфер и ја поминува пасошката контрола без проблеми.
На граничарите им станал сомнителен дури кога заминувал, а претешкиот куфер му се заглавил во еден момент меѓу ѕидот и врата.
По претресот полицијата во куферот ја пронашла неговата 27-годишна жена, за која се утврдило дека е вмешана во тешка сообраќајна несреќа и дека е барана од полицијата.
Се наведува дека таа возела во алкохолизирана состојба и притоа прегазила пензионер кој починал.