И денеска студено со шанси за дожд, од утре...

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Т-мин. од 2 до 12, а т-макс. од 14 до 23 степени. УВ=5

СКОПЈЕ

Променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Т-мин. 7, а т-макс.  до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Коментари

Популарно