Исповед на млада Србинка која го посетила Острошкиот манастир

Моќта на Острошкиот манастир е позната на сите праволсавни верници ширум баланот. Оваа исповед на млада белграѓанка, само ја потврдува чудотворната моќ.

Имав чуство дека цел свет ми се руши. Се гушев во проблмеи, но никој не бшее тука да ми погмоне. Бев несреќна и незадоволна. Секогаш бев нервозна. 

Животот ми се промени кога одлучив да го посетам Острошкиот манастир, ја започнува својата приказна М.Б (27) од Белград.

Се ми беше преку глава! На работа беше ужасно, а ни дома не беше нешто сјајно. Поради секојдневна нервоза си го уништив своето здравје. Сакав да се остварам во улога на мајка и да имам деца со момчето со кое живеев три години, но кога му кажав, се промени.

Отворено ми кажа дека не сака деца, дека тоа е губење на време. Често се каравме околу тоа.Секој ден ме пречекуваше нервозен. Родителите често ме прашуваа дали има нешто ново, со надеж дека ќе им кажам дека наскоро ќе станат баба и дедо. Се сеќавам на тој 20ти август, имав ужасен ден. Шефот на работа ми викаше пред сите бидејќи направив грешка која не смеев да си ја дозволам. Додека се враќав од работа плачев во колата. 

Не сакав да се вратам дома, сакам да побегнам од се. Седнав во автомобилот и тргнав кон манастирот СВ „Василиј Острошки“. Рано изутрина стигнав во Никшиќ. Со оглед  на тоа што првпат доаѓам на свето место не знаев што ме чека. 

Ја оставив колата пред манастирот и трачајќи тргнав кон ова свето место. Луѓето ме гледаа чудно. Монахињата која во тој момент излегуваше од малиот пролаз застана до мене и ме фати за рака.

Плачи, немој да се срамиш. Сега ќе влезес внатре и сите проблеми ќе исчезнат, јас ти гарантирам. Замоли го свештеникот да ти прочита молитва и се ќе биде во ред, прешепоти монахињата.

Пред малата просторија каде што се наоѓаат моштите на Св. Василиј Острошки стоеше еден монах кој ги пушташе луѓето внатре. 

Кога влегов внатре почуствував некоја силна болка, немоќ. Свештеникот им покажа на луѓето да не влегуваат внатре. Не можев да зборувам. Паднав на колена и се фатив за стомак. Имав неподносливи болки. Свештеникот почна да чита молитва, а јас врескав на целиот глас. 

Сега ќе биде подобор, ми рече. Не можев да станам. Монахот кој беше надвор влезе и ми помогна. Ме однесе во една просторија и ми помогна да седнам. Почнав да плачам, а во исто време и неконторлирано да се смеам.

Останав во манастариот две недели. Секоја вечер спиев под отворено небо. Кога се враќав назад во Белград, се чуствував многу подобро. Првпат во животот знаев дека се ќе биде добро.

Ја раскинав врската со своето момче и го сменив работното место. Се тргна на подобро, секоја вечер го сонував Св „Василиј Острошки“, па секое утро се будев со насмевка на лицето. Сега имам маж и син Василиј кој ми го промени животот.

Коментари

Популарно