(ВИДЕО) „Лицемерко, за сè е виновен Трамп!“ – Меланија нападната за време на говорот

Во говорот што го одржа на Генералното собирание на ОН Меланија Трамп го осуди насилието на социјалните мрежи, но луѓето брзо ја забележаа иронијата и  ѝ  замерија за нејзиното обраќање.Првата дама на САД во текот на обраќањето ги повика светските лидери да се здружат за благосостојба на децата. Предупредувајќи дека децата се тие кои го следат примерот на возрасните, таа им порача на сопругите на светските лидери да учат една од друга за вредностите на емпатија и комуникација, кои се сржта на љубезноста, интегритетот, лидерството.

„Мораме да се здружиме за благосостојба на нашите деца. Мораме да имаме на ум дека децата слушаат, така што никогаш не смееме да ја пропуштиме можноста да ги подучаваме на многу етички лекции“, изјави Меланија Трам во средата во мисијата на САД во ОН.

Најмногу ѝ замерија што нејзиниот сопруг и американски претседател Доналд Трамп не се симнува од Твитер каде често неистомислениците ги почестува со најлоши можни навреди. Поради тоа, некои се уверени дека Меланија говорот го посветила на својот сопруг.

„Се надевам дека заедно со мене ќе се посветите на учење на следната генерација да го почитува златното правило: прави им го на другите само тоа што би сакал тие да ти го прават тебе. Тоа е моето мерило на денешното општество и мојот фокус како прва дама. Императивот на нашата генерација е да преземеме одговорност за она што нашите деца го учат. Мораме да се фокусираме на пораките и содржината кои се изложени на социјалните мрежи на секојдневна база – злоупотреба он-лајн и во живо, на употреба на дрога и предозирање“, вели Меланија.

Од друга страна, нејзиниот сопруг продолжува на Твитер да „удира“ по противкандидатката Хилари Клинтон, иако изборите одамна минаа, а политичката новинарка и водителка Меган Кели изјави дека навредите на Трамп биле без причина, поради кои и го напуштила работното место по 12 години.

На говорот на првата дама се осврна и самата Клинтон, која истакна дека Меланија не направила ништо по повод спречување насилство на интернет. Поранешната прва дама постави и прашање дали Меланија навистина е „сериозна“ и посветена на оваа цел, поради тоа што сè уште не го објавила формалниот план за анти-насилие на интернет откако во ноември минатата година вети дека ќе се залага за жените и децата.

Видете го нејзиниот говор:



 

Коментари

Популарно