Исповед на љубовницата на сопругот на убиената Јелена: Вистина е, бев во врска со Зоран!

Вистина е дека сум во долга врска со Зоран Мајрановиќ. Со него сум со срце и душа. Засекогаш ќе бидам со него бидејќи го сакам. Ме заболеа лагите за него и затоа одлучив да ја откријам вистината.

Со овие зборови започна исповеда на Зорица Митровиќ, новата девојка на Зоран, кој претходната недела беше уапсен поради сомневање дека е вмешан во убиството на Зорана Мајрановиќ.

Приказните кои овие денови се појавуваат во медиумите воопшто не ми влијаат. Не им обратувам внимание на луѓето кои сакат да ми наштетат и да ме направат убиец. Исто така, сакам да кажам дека се запознавме по смртта на Јелена. Го сакам и почитувам како човек. За таков квалитетен човек нема да жалам ни животот да го дадам,вели Зорица за Курир.

Таа за Курир ги открива деталите за апсењето на Зоран и како се обидела да ја нападне полицијата.

Точно е, кренав раце на полицијата. За среќа, ме спречија пријателите. Да не беа тие тука не знам што ќе се случеше. Полудев кога видов дека мој невин човек водат во затвор. Со сите сили ќе се борам да докажам дека не е виновен, вели Зорица.

Коментари

Популарно