(ВИДЕО) Неверојатен трик: Ваков слободен удар сигурно не сте виделе!

Минатата недела во Белгија се играше Куп, а најголемо внимание предизвика дуелот помеѓу Гент и нисколигашот Геел, кој заврши со победа на Гент од 3:2.

Херој за Гент беше Даниел Миличевиќ кој постигна хет-трик, но едниот негов погодок ќе остане запаметен по трикот кој го изведоа белгиските фудбалери.

Имено, фудбалерите направија двоен жив ѕид, така што со едниот комплетно го покриваа играчот кој го изведува слободниот удар, па голманот не можеше да го види. Трикот успеа и топката на крајот заврши во мрежата.

Коментари

Популарно