(ВИДЕО) Ова е најтажната невеста која некогаш сте ја виделе

Видеото кое кружи на интернет, ја прикажува најтажната невеста во историјата, а нејзината приказна ја пренеле и светските медиуми.

22-годишната Марјона Худоидодова од Таџикистан се омажила за една година постариот наставник по историја Саидшо Асроров, а бракот го договориле нејзините родители по наредба на таџикистанскиот претседател Рахмон.

Меѓутоа, додека на снимката се гледа дека младоженецот е воодушевен од венчавката, 22-годишната Марјона во текот на оваа церемонија ниеднаш не се насмевнала. 

Во Таџикистан договорените бракови се вообичаени, но ретко се случува да ги нареди претседателот. 

Коментари

Популарно