„Тетка ми од Канада ми го купи станот“ – изјава на српски министер, која стана хит на интернет

Министерот за одбрана во владата на Србија, Александар Вулин, е во центарот на вниманието на српската јавност кога Агенцијата за борба против корупцијата поднесе пријава против него затоа што не можеше да го докаже потеклото на повеќе од 200.000 евра со кои купил стан, пишуваат српските медиуми.

Имено, тој дал неуверливо објаснување дека парите ги позајмил од тетката на својата сопруга.

Вулин и неговата сопруга Наташа во 2012 година купиле трисобен стан стан во белградската населба Звездара.

Оправдувањето на Вулин дека тетката му ги дала парите предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно